Skip to main content

Мицкоски: „Везилка“ претставува почеток на еден процес кој ќе придонесе за посилна наука, поконкурентна економија и поголеми можности за младите

Влада

„Везилка“ е почеток на процес кој ќе придонесе за посилна наука, подобра економија и поголеми можности за младите луѓе, и кој ќе помогне земјата да се позиционира онаму каде знаењето е многу значајно и во исто време да ја поддржува иновативноста и да создава услови иднината да се гради дома со домашен потенцијал, домашна експретиза и домашна визија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на Везилка – Националната фабрика за вештачка интелигенција.

Проектот го координира Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) при УКИМ, во соработка со Министерството за дигитална трансформација. Преку стратешко партнерство со фабриката за вештачка интелигенција „Pharos“ во Грција, „Везилка“ ја вклучува државава во европскиот екосистем за вештачка интелигенција и придонесува кон европската визија за доверлива, иновативна и вештачка интелигенција со човекот во центарот.

Според Мицкоски, пристапот до европската инфраструктура за вештачка интелигенција и до напредни супер компјутерски капацитети ќе овозможи идеи создадени во државава да добијат можност да се натпреваруваат на европско и глобално ниво. Тоа, потенцира, претставува силен поттик за економски раст за нови работни места и нови можности за генераците што доаѓаат.

Преку овој центар, оцени премиерот, се отвораат нови перспективи за македонските истражувачи и универзитети, за старт ап заедницата и за компаниите кои сакаат да развиваат прозводи и услуги со висока додадена вредност.

Особено значење има и фактот што Везилка ќе придонесе за развој на македонски јазични модели и дигитални алатки на македонски јазик / фото: Влада

Особено значење има и фактот што Везилка ќе придонесе за развој на македонски јазични модели и дигитални алатки на македонски јазик. Во време кога новите технологии се повеќе стануваат простор во кој се создава и споделува знаење присуството на сопствениот јазик претставува прашање на културен контиунитет, научен развој и национална самодоверба. На тој начин се создаваат услови македонскиот јазик да биде рамноправно присутен во современите технолошки процеси и достапен за идните генерации во дигиталната ера – рече Мицкоски.

Според него, Везилка е вложување во иднинатата на потенцијалот на македонските научници и истражувачи, студенти и компании, со јасна определба државата да биде активен учесник во технолошките процеси што го обликуваат современиот свет.

Развојот на вештачката интелигенција веќе создава нови економски модели, отвора нови индустрии, поставува нови стандарди за конкурентност. Во такви околности способноста на една држава да создава знаење, да ги поврзува науката и стопанството и да обезбеди услови за иновации станува еден од најважните предуслови за долгорочен развој. Токму затоа, воспоставувањето на Националниот центар за вештачка интелигенција претставува значаен чекор кој е далеку над рамките на еден поединечен проект – рече Мицкоски.

Особена вредност на Везилка, посочи, е што зад неа стои заедничка визија на Владата, академската заедница и Европската унија. Ваквите партнерства создаваат трајни резултати затоа што ги обединуават знаењето, искуството и ресурсите околу заедничка цел – создавање современа конкурентна, иноватива држава подговена за предизвиците и можностите на новото време, посочи премиерот Мицкоски.

Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација / фото: Влада

„Везилка“ е воспоставена во рамки на Европската заедница за пресметување со високи перформанси (EuroHPC JU – European High Performance Computing Joint Undertaking) и кофинансирана од Европската Унија преку програмата „Хоризонт Европа“.

На настанот за промоција на визијата, целите и очекуваното влијание од проектот „Везилка“ ќе се одржи и панел-дискусија на тема „Вештачката интелигенција како мотор за економски развој“.

Поврзани вести