
Денес заедно со претседателот на МАНУ Академик Живко Попов, и почитуваните академици, а во соработка со Владата на РМ, ги започнуваме активностите поврзани со Плаошник и започнуваме процес за изработка на елаборат за обновување на Охридската книжевна школа, ојави на социјалните мрежи Весела Честоева, директорка на УЗКН.
Плаошник е едно од најзначајните места на македонската духовност, писменост и култура, поврзано со делото на Свети Климент Охридски и со почетоците на словенската просвета. Затоа, наша обврска е со научен и стручен пристап да создадеме услови за негова соодветна заштита, унапредување и презентација.
Обновувањето на Охридската книжевна школа претставува вложување во нашиот идентитет, во нашето културно наследство и во вредностите што нè обединуваат како народ.
Продолжуваме посветено да работиме за заштита и афирмација на македонското културно наследство.
„Плаошник не е само археолошки локалитет – тој е симбол на македонската писменост, култура и духовност, место каде што живее споменот на Свети Климент и неговото просветителско дело.“

Македонски



