
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашања, кои се неговите очекувања со оглед дека се очекува во јули ЕП во најновиот извештај за напредок да вклучува признавање на македонскиот јазик и идентитет вели:
За прв пат пред европратениците ќе се најде извештај во кој на неколку наврати се споменува многувековниот, посебен, македонски идентитет и јазик. Бидејќи често пати е повторувано дека тоа не е проблем, често пати е повторувано дека тоа во суштина не е пречка за никого, очекувам европратениците едногласно да го усвојат овој Извештај во кој што се потврдува посебниот, многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик кој што е дел од официјалните јазици на ОН и меѓународно признаен или кодифициран 1977, иако и претходно е неговата кодификација завршена уште ви 1945та година во рамките на ОН. Оваа година славевме 80 години од неговото кодифицирање. Така што, тука не гледам апсолутно никаква пречка ако навистина сме сите едногласни и тоа не беше никаков проблем. За жал морам да кажам дека повторно од Исток стигаат поинакви коментари и гласови, но да видиме како целата оваа работа ќе заврши. Јас зборував за единство не така одамна од сега кога го чествувавме денот на светите Кирил и Методиј. И тогаш кога повикував на единство зборував токму на ваков тип на единство, на страна од нашите дневно политички разлики. Ги повикувам сите политички чинители во државата да се обединат и да почнат од денес да вртат на своите сестрински партии кои што имаат европратеници во Европскиот парламент. Знам дека опозициската СДСМ е дел од едно такво семејство, ги повикувам уште денеска да почнат и да вртат до своите сестрински партии истото јас како што знам и политичката опозициска партија ЛДП. А ние денеска како политичка партија ќе имаме извршен комитет и на тој Извршен комитет ќе подготвиме стратегија како ВМРО-ДПМНЕ на лице место ќе испрати луѓе кои што ќе бидат во деновите пред нас во Брисел за да продолжат да разговараат со европратениците и потребата од носењето на оваа Резолуција, ќе повторам со која што се признава посебниот, многувековен македонски идентитет и посебниот, меѓународно кодифициран македонски јазик. Ова не доаѓа туку така, ова е плод на работа која што се случуваше изминативе повеќе од 10, 11 месеци речиси една година. На 4ти ќе биде расправата во парламентот, 4ти јуни според информациите кои што ги имам, а гласањето би требало да биде во јули. Така што уште еднаш сакам да потенцирам дека посебниот, многувековен македонски идентитет и посебниот, меѓународно кодифициран македонски јазик е факт и секој оној кој што ги негира и одбива да ја прифати оваа реалност и овој факт е анти НАТО и анти ЕУ. Така што било кој, кој што ова не го прифаќа од земјите членки и било кој европратеник кој што нема да гласа во насока на прифаќање на оваа резолуција е анти ЕУ пред се и е спротивно од европските вредности дефинирани од Аденауер, Шуман и Дегаспари многу одамна.