
Денеска присуствував на отворање на реконструираната полициска станица во Општина Бутел, напиша на својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски.
По 30 години, полициските службеници добиваат нова полициска станица и соодветни услови за работа. Сето она што треба да се направи претставува додадена вредност во Бутел.
Сакам да им се заблагодарам на полициските службеници на нивното трпение коишто го имале изминативе децении, некои таму почнале да работат и се пензионирале во оние услови.

Македонски






