
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали преку Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе има ново ангажирање на асистенти за стари и изнемоштени лица, бидејќи за некои општини сè уште се чека, изјави:
„Да, да, апсолутно и огласот е распишан и очекувам таа процедура да биде завршена. Средствата се одвоени, така што сето она коешто претставува добра пракса, ние ќе ја продолжиме.“

Македонски

