
Оваа Влада има полн легитимитет. Повеќе од 600.000 граѓани на изборите изминатата година гласаа за оваа Влада, порача премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање од што ќе зависи дали по локалните избори ќе има и предвремени парламентарни избори.
Јас разбирам дека има политички партии кои освен поделби и, би рекол, националистички испади, немаат друга програма, па за да ги мобилизираат своите структури и гласачи, единствената работа која можат во овој момент да ја зборуваат е да повторуваат „предвремени избори, предвремени избори“. И ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи со историски резултат 2021-ва година локалните избори, па беше во опозиција три години. Дојдоа парламентарни избори, убедливо победи со историски резултат. Денес сме Влада – рече Мицкоски.
Тој посочи дека денес излегува ревидиран 2024-та година БДП – 3%.
Еден од најголемите во Европа. Одиме и над тоа, тоа е над сите очекувања на ММФ и Светската банка. Би било навистина жалосно ако сите овие позитивни индикатори ги прекинеме со предвремени избори. Ние како политичка партија го ставаме државниот интерес пред политичките емоции – порача Мицкоски.