
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево изјави дека со децении имаме корумпиран систем и ако тој не се сруши, државата нема да ја биде.
Вели дека имало и порано несреќи, но ова е кулминација.
„Победа на тој систем е можна само со одважност, доблест и принципи во кои веруваме“, рече премиерот.
Вели дека само со лична жртва можеме да го победиме тоа зло на корупција. Mицкоски кажа дека објектот каде се случи пожарот имал фалфисикувана лиценца.
„Мора да има кривична одговорност, за сите до еден инволвирани, без разлика кој од која партија е, од која професија е. Очекувајте дека нема да има милост“, вели премиерот.
Следните денови најави конкретни чекори за оваа трагедија.