Директорот на Службата за општи и заедничи работи Ивица Томовски, во интервјуто за „Република“ проговори и за фамознииот „Мерцедес“ кој беше набавен пред 12 години. Тој вели дека возилото во меѓувреме остарело но и оти го користела и минатата власт,но и оваа.
Но, вели Томовски, премиерот Мицкоски никогаш не го користи овој автомобил.
Мерцедесот“ е набавен во 2012 годинa. Претходната власт го користела многу често, го користиме и ние. Покрај владин авион мораме да имаме и вакви возила. Ни доаѓаат делегации за кои треба вакви возила. Кога доаѓаат вакви возила јас го пуштам во употреба и го користиме. Но, морам да кажам дека премиерот не го искористил никогаш-објаснува Томовски за „Република“