
Денеска остварив средба со Скот Бејтс, регионален директор за Европа и Евроазија на Националниот демократски институт (НДИ), напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
Средбата беше исклучително конструктивна и исполнета со размена на идеи и искуства поврзани со тековните демократски процеси, регионалните предизвици и можностите за понатамошна соработка.
Разговаравме за важноста на јакнењето на демократските институции, поддршката на транспарентни и инклузивни политики, како и потребата од континуирана соработка со релевантни меѓународни партнери и унапредување на демократските процеси.
Средбата претставува важен чекор кон продлабочување на соработката и размена на добри практики со НДИ, со цел заедничко придонесување кон посилни и поотпорни демократски заедници.

Македонски








