
– Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на настанот по повод потпишување на договор меѓу ЈПДП и ЕБОР за грант средства за изградба на автопат Скопје-Блаце, кој ќе се одржи во 11 часот во Свечената сала во Владата.
Мицкоски минатата недела изјави дека е избрана градежната фирма што ќе го гради автопатот Скопје – Блаце, а за денеска најави и дека ќе биде потпишан и официјален договор, со што месецов се очекува да почне изградбата на оваа делница.
– Таа тема се говореше во јавноста со децении. Успешно е завршена целокупната постапка, избран е изведувач и в понеделник и официјално ќе биде потпишан договорот. Очекувам овој месец да почне и изработката на оваа делница, така што и ова, би рекол, условно кажано, негативно наследство од минатото, се решава – изјави тогаш Мицкоски.
Тој додаде дека проблемите што ги затекнале како Влада се илјадници и, вели, еден по еден ги решаваат.

– Сега ние не можеме наеднаш сите да ги решиме бидејќи немаме толку ресурси, но еден по еден ги решаваме. Еден од тие приоритети што успеавме да го решиме е токму и овој предизвик, конечно оваа делница, овие осум километри, да бидат завршени – изјави Мицкоски.

Македонски



