Skip to main content

Мицкоски ја продолжува посетата на САД, се сретна со првиот човек на Атланскиот совет

Премиерот Христијан Мицкоски ја продолжува посетата на САД. Тој вчера имаше средба со Фредерик Кемпе, претседател и извршен директор на Атланскиот совет.

Разговаравме за актуелните геополитички предизвици, улогата на Македонија во евроатлантските интеграции и можностите за продлабочување на соработката во иднина.Средбата претставуваше одлична можност за размена на ставови и идеи со еден од водечките експерти за меѓународни односи, напиша премиерот по средбата.

Поврзани вести