
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даде овластување на премиерот и лидер на партијата да номинира нови кадровски имиња.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовен состанок на кој разговаравме за актуелната економска и политичка состојба во државата, меѓу другото. Имаше и некои други кадровски прашања, подготовки за активности во периодот кој што следи. Очекувам до крајот на месецот да излезам пртед членовите на Извршниот комитет со предлози за кандидати за градоначалници. Процедурата е таква, па од таму оди на Централен комитет. На состанокот, членовите на ИК на партијата ме овластија во периодот кој што следи, добив дозвола да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние кои одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ од партијата на Арбен Таравари, рече Мицкоски.
Детали за нови имиња, ротација на ресори и слично, Мицкоски не даде. Повеќе ќе се знае следната недела.
Мицкоски, одговарајќи на новинарско пршаање дали ресорите што ги напушти Таравари ќе останат во Вреди или ќе се поделат, рече дека во наредниот период ќе бидат појасни многу работи, повика на трпеливост и изрази уверување дека ќе биде постигнат договор.