
Во 21-oт век бевме сведоци на обид за создавање на вештачка нација и идентитет.Тој амадман што беше предложен е дефакто обид да се создаде некоја нова, модерна македонска нација или некој модерен македонски јазик што е преседан, е коментарот на премиерот Мицкоски на вчерашното гласање во Европскиот парламент на Резолуцијата за напредок на Македонија. Според него, очекувано е дека финалното гласање на пленарна седница следниот месец да биде нападнато со сличен амадман.
Сите оние во минатот кои што мислеа дека ќе стават потпис на некоја национална отстапка и ги завршиле сите грижи биле измамнии кон граѓаните.Можеби и тие верувале дека нешто ќе биде испорачано, но тоа не ја намалува болката на граѓаните бидејќи тие ставиле потпис без да ги прашаат граѓаните.Бевме сведоци на обид за создавање на нова македонска модерна нација и нов македонски модерен јазик-изјави премиерот вчера за МТВ.