
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и Бојан Стојаноски, објавија заедничко видео на фејсбук по повод усвојувањето на законите за зголемување на пензиите и за ваучери за студентите со што се зголемува животниот стандард за студентите и пензионерите.
Денеска во Собранието гласавме два исклучителни закони. Закони кои што се за борба со нееднаквоста но и зголемување на стандардот на пензионерите. Зголемување од 2 000 денари кое што со претходното од 5000 денари, значи вкупно зголемување од 7000 денари по пензионер месечно, вели Мицевски кој е и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот Стојаноски пак посочува дека со законот за ваучерите на студентите 55.000 дали се на државните или на приватните факултети ќе земат по 15.300 денари за да може да си набават техничко помагало.
Така ние се грижиме за нашите граѓани, вели пратеникот Стојаноски.
Собранието донесе закони со кои линеарно се зголемуваат пензиите за сите пензионери за 2.000 денари, а секој студент ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за електронски уред.