Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стoилковиќ во изјава за медимите кажа дека се откриени нови злоупотреби со имотот на Министерството. Тој посочи дека возило БМВ вредно 60 илјади евра било пронајдено во многу лоша состојба во сервис за поправка, a од него биле вадени делови и биле користени за потребите на сервисот.
Најновата злоупотреба која пред некој ден е откриена е дека возилото БМВ, кое е во сопственост на Министерството, е најдено во поприлично лоша состојба во еден од сервисите, во кој се сервисирало возилото на Министерството. Тука веќе е ангажирано Министерството за внатрешни работи. Не сакаме да го подигнеме. Бараме записници, нема записници како е предадено, а сведоците велат дека е предадено во нормална состојба. Возилото е вредено 50-60 илјади евра. Не можам да утврдам за што било користено, меѓутоа можам да пренесам дека сега личи на „искубана кокошка“. Јавноста кога ќе ги види сликите, ќе процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставено на милост и немилост на сервис, каде се извадени вратите, извадени се делови од него, рече Стоилковиќ.
Стоилковиќ вели дека е згрозен од начинот на кој се трошени не само средствата, но и како се управувало со ресурсите на Министерството.
Возилото е оставено во сервис и не е подигнато. А сервисот си постапувал согласно потребите кои му биле на дневен ред. Ваделе делови од него за нивните претпоставувам приватни потреби. Тоа истрагата ќе го утврди, рече министерот на настан во Министерството по повод Св. Сава.
Имено, информацијата за откриена нова злоупотреба со имотот на Министерството за односи меѓу заедниците, а која се однесува на возилото марка БМВ пронајдно во лоша состојба во сервис за поправка во прилог се фотографии од возилото.
Извештај од затекнатата состојба на возилото марка БМВ: