
Трагедија на Кочани, која ги однесе животите на 59 млади луѓе, остави длабока и незаменлива болка низ нашата земја, рече на денешната прес-конференција портпаролката на владата, Љатифи Азизи.
Овој трагичен настан нè трогна сите нас, соединувајќи нè во длабока тага и болка што ги надминува зборовите. Ништо не може да ја избрише оваа загуба, ниту една утеха не може да ја пополни оваа празнина.
И додека денеска е последниот ден на национална жалост, периодот во кој нашата земја ги почитуваше загубените животи, посветеноста и ангажирањето на Владата да ги поддржи директно погодените и да ја открие вистината за оваа трагедија ќе продолжи со невиден интензитет.
Македонската влада презеде итни мерки за да обезбеди целосна поддршка на сите погодени од оваа трагедија. Покрај оние кои се лекуваат во нашите болници, досега 116 пациенти се лекуваат во странски болници и ги придружуваат 188 членови на семејствата, а сите трошоци ги покрива државата. Државата ги покрива сите трошоци кои вклучуваат: патување, сместување и нивните дневни потреби.
Исто така, за секој погоден од оваа трагедија, Црвениот крст не информираше дека ќе им додели парични средства на семејствата од 150.000 денари, а распределбата ќе започне од утре, понеделник.
Ова е непосредна заложба да се осигура дека ниту едно засегнато лице нема да остане без поддршка.
Во меѓувреме, истрагата за овој трагичен настан продолжува со целосна посветеност и голем ангажман од сите одговорни институции. Владата е решена да ја обелодени вистината и да се погрижи сите кои се одговорни да одговараат за своите постапки. Никој нема да може да се сокрие и правдата ќе биде задоволена.
Исто така, сакаме да нагласиме дека нашата земја во овие тешки денови доби поддршка и од меѓународните партнери. Тие го изразија своето сочувство и понудија извонредна помош, докажувајќи дека солидарноста не познава граници. Оваа солидарност е моќен потсетник дека не сме сами во трагедијата и дека нашата сила лежи во единството и заедничката грижа.
Во оваа голема болка, Ве уверуваме дека не сте сами. Државата ќе стои покрај вас, не само денеска, туку до крајот на овој процес, каде што ќе расветлиме буквално сѐ.
Заедно, посветено и солидарно ќе работиме за посилна, поправедна и побезбедна Македонија за сите граѓани!“