
Италијанскиот милјардер, бизнисмен и компјутерски научник Паоло Ардоино деновиве е во Скопје, каде што учествува на Скопје 2025. На мрежата „Икс“ објави фотографија со Крис Павловски, основач и сопственик на платформата „Rumble“ и еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп.
Крис Велики, напиша Ардоино, објавувајќи фотографија со Павловски на скопскиот плоштад, а во позадина е споменикот „Воинот на коњ“.
Rumble + Tether + Bitcoin = иднина, објави Павловски, додавајќи: Неверојатно патување во прекрасната Македонија со Паоло Ардоино.
Chris the Great https://t.co/2phg7hNAji
— Paolo Ardoino 🤖 (@paoloardoino) May 13, 2025