Skip to main content

Ковачки од Карбинци: Време е да се продолжи со континуитетот на напредокот и подобрување на животот на граѓаните

На митингот во општина Карбинци, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, истакна дека е време да се продолжи со континуитетот на напредокот и подобрувањето на животот на граѓаните.

Тука сме да продолжиме да се залагаме за подобри комунални услуги, водовод, канализација, подобри патишта, училишта и подобар живот за сите жители на Карбинци, порача Ковачки.

Тој нагласи дека локалната власт е првиот и најблискиот контакт на граѓаните со институциите и затоа е важно довербата да се даде на луѓе кои доаѓаат од народот и кои навистина ги решаваат проблемите.

Ковачки посочи дека градоначалникот Виктор Паунов се докажал како чесен, посветен и работлив човек кој реализира проекти, но дека за големи промени е потребна силна поддршка од Владата.

Токму таква поддршка имаме денес од владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Владата и премиерот стојат зад општинските проекти, зад вашите идеи и зад секој чекор да направиме подобар живот во општина Карбинци, изјави Ковачки.

Поврзани вести