
Кога би бил во функција Центарот за изгореници, би имал капацитет за четири до пет пациенти, но нашиот здравствен систем покажа дека е жилав и дека може да се справи со ваков бран, истакна премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на повредените од пожарот во Кочани.
Мицкоски посочи дека здравствениот систем покажал дека е спремен да се соочи со големи предизвици.
-Нашиот здравствен систем покажа дека е жилав и дека може да прими ваков бран кој што е можеби голем предзивик и за многу пософтицирани здравствени системи и за многу поголеми држави од нашите и јас им честивувам и сум благодарен и од мое но и од името на Владата, изјави премиерот.
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за здравство Арбен Таравари беа во посета на повредените од пожарот во Кочани и присуствуваа на состанокот на Кризниот штаб на Министерството за здравство.