Skip to main content
ШТО БАРА СДСМ

Kога авторите на амнестијата говорат за правда

Со амандманите на Кривичниот законик, СДСМ повторно го актуелизира членот 353 и бара негово враќање во верзијата пред 2023 година, настапувајќи со реторика за борба против криминалот и корупцијата. Но зад формалните аргументи за „прецизни законски решенија“ се наметнува сериозно прашање за политичката искреност на оваа иницијатива.

Измените од септември 2023 година, донесени со европско знаменце и без суштинска дебата, имаа директни последици: застарување на 197 предмети за злоупотреба на службената положба и драстично намалување на казните, вклучително и за злосторничко здружување – од 10 на 3 години затвор. Наместо зајакнување на правдата, државата беше ставена во дефанзива во борбата против високиот криминал.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно оцени дека овие измени имале две цели. „Првата беше амнестија за функционерите на СДСМ и ДУИ, а втората – создавање штит од кривична одговорност. Во второто не успеаја, но во првото целосно“, истакна Мицкоски, посочувајќи дека бројките најјасно говорат за ефектите од законските интервенции.

Денес, истите политички актери тврдат дека актуелниот член 353 ја намалува одговорноста кај тендерите – област која со години е симбол на коруптивните практики. Но токму во периодот на владеење на СДСМ и ДУИ, овие злоупотреби не беа санкционирани со системски решенија, туку, напротив, беа релативизирани.

Барањата за бришење на рокот за конфискација на криминално стекнат имот, проширување на условите за конфискација и заострување на казнената политика за организиран криминал доаѓаат предоцна за да го избришат впечатокот на селективна правда. Истото важи и за најавите за зајакнување на заштитата на децата – тема што бара доследност, а не ад-хок политичка употреба.

Оттука, амандманската иницијатива на СДСМ повеќе личи на обид за политичка ревизија на сопствените одлуки од минатото, отколку на вистинска антикорупциска реформа. Во контекст на последиците од 2023 година, јавноста сè потешко прифаќа дека станува збор за искрен пресврт, а не за ново пакување на веќе видена политика.

Со амандманите на Кривичниот законик, СДСМ повторно го актуелизира членот 353 и бара негово враќање во верзијата пред 2023 година, настапувајќи со реторика за борба против криминалот и корупцијата. Но аргументиТЕ за „прецизни законски решенија“ се наметнува сериозно прашање за политичката искреност на оваа иницијатива.

Измените од септември 2023 година, донесени со европско знаменце и без суштинска дебата, имаа директни последици: застарување на 197 предмети за злоупотреба на службената положба и драстично намалување на казните, вклучително и за злосторничко здружување – од 10 на 3 години затвор. Наместо зајакнување на правдата, државата беше ставена во дефанзива во борбата против високиот криминал.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред дестина дена оцени дека овие измени имале две цели. „Првата беше амнестија за функционерите на СДСМ и ДУИ, а втората – создавање штит од кривична одговорност. Во второто не успеаја, но во првото целосно“, истакна Мицкоски, посочувајќи дека бројките најјасно говорат за ефектите од законските интервенции.

Поврзани вести