![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/09022025_mickoski-10-1024x682.jpg)
На апсолутна победа на локалните избори се надева лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. Тој посочи дека рејтингот им расте. Не кажа конкретни имиња, ниту дали ќе има драстични промени на сега избраните градоначалници со нови лица. Кажа дека изборите ќе бидат во октовмри.
„Јас сум реален оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори. Очекувам за помалку од седум месеци, можеби нешто повеќе, да отпочне кампањата. Првата половина од октомври да се случи првиот и вториот круг од локалните избори“, рече Мицкоски.
Според него, анкетите на терен покажуваат дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ се одлични.
„Ако порано зборувавме 3 спрема 1, сега е 4 спрема 1. Очекувам тој тренд да расте и да застане да се стабилизира“, додаде Мицкоски.
Прашан за имињата на градоначалниците, тој рече: „Ќе видиме, важно е мислењето на членството и граѓаните, правиме симбиоза и излагаме пред органите на партијата“.