Skip to main content

„Ќе ги згазам како шлепер жаба“: По навредите кон Мицкоски, Филипче удри и по своите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро одговори на критиките од поранешни функционери на партијата, кои во последниот период излегоа со барања за промени во партиското раководство и начинот на функционирање на СДСМ.

Филипче во изјавата упати директни критики кон Игор Ивановски и Славјанка Петровска, доведувајќи го во прашање нивниот кредибилитет да предлагаат како треба да се води партијата.

Нека ми се тргнат од патот, затоа што ќе ги згазам како шлепер жаба, да ги потсетам на нешто од нивното време – рече Филипче.

Тој особено го спомена Игор Ивановски, за кого рече дека бил член на повеќе управни одбори и имал значителни месечни приходи, додавајќи дека сега излегува со совети за тоа што треба да се прави со СДСМ.

Филипче ја спомена и Славјанка Петровска, поставувајќи прашање зошто токму сега се појавуваат критиките кон актуелното раководство.

Се прашувам што е причина за ова? Да не е изјавата на Мисајловски, да потпишала за 37 милиони евра поскап договор за хеликоптерите, за која комисијата донела друга одлука – рече тој.

Во продолжение, Филипче оцени дека актуелното раководство во изминатите две години работело на консолидирање на партијата, додека критичарите, според него, сега предлагаат решенија за нејзината иднина.

Па, ние сите изминативе две години тешко работиме, консолидираме, и они сега ќе кажуваат како треба. Кои ќе кажуваат? Кои ги вадат на најголемите скандали на власта? – изјави Филипче.

Тој го отфрли и очекувањето дека поранешните функционери можат да понудат план за идното функционирање на СДСМ.

Каков план ќе носи? Таков како што го прави он, никој не треба да го носи. Нека видат на што направи – рече Филипче.

На крајот, претседателот на СДСМ порача дека оние кои сметаат дека знаат поинаков начин на функционирање требало тоа да го покажат додека биле на позиции во партијата.

Ако знаат поинаку, што не направија поинаку – порача Филипче.

Претходно Филипче го навреди и премиерот Мицкоски:

Поврзани вести