
За тоа дали коалицијата „Вреди“ ќе го поддржи кандидатот на ДУИ во Кичево лидерот на Беса Билал Касами вчера рече дека се фокусирал на Тетово.
-Во овој период јас сум фокусиран на поддршката која треба да ја добијам од моите граѓани во Тетово, затоа што сега целиот ангажман ќе биде во тој правец. За другите теми има став дадено од коалицијата, рече Касами.
Во соопштемито на ВРЕДИ во врска со Кичево, меѓудругото, стои:
„По објавувањето на компромитирачките материјали, коалицијата Вреди побара повлекување на кандидатот на НАИ од трката за да се заштити достоинството на процесот. Но, тој одлучи да продолжи, ставајќи го Кичево во нефер позиција и докажувајќи дека за оваа политичка каста, власта е последниот политички кислород.

Македонски








