Skip to main content

ЈО открило многу неправилности во дискотеката „Пулс“: Немало хидрантска мрежа, покривот не бил огноотпорен, без доволен број на врати

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, истакна дека Јавни обвинители денеска извршиле увид во дискотеката „Пулс“ во Кочани, и биле затекнати многу неправилности.

Коцевски кажа дека во објектот било увидено дека нема хидрантска мрежа, недоволен број на ПП апарати, немало доволен број на врати, немало огноотпорен покрив, и дека објектот бил за објект за лесна индустрија, а не во угостителски објект.

„Формирав обвинителски тим, од двајца обвинители од Скопје, двајца од ОЈО Кочани и еден од Штип, со тоа што во текот на денот се укажа да се ангажира уште еден од ОЈО Штип. Се презедоа низа активности, со тоа што од стана на јавните обвинители беа издадени наредби за обдукција на починатите.