Skip to main content

Јаневска: Во 141 училиште во државата е воведена едносменска настава

Принтскрин од видео

Во 141 училиште во државата е воведена едносменска настава, но треба да биде воведна во сите, тоа е процес кој ќе потрае, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа денеска присустуваше на официјалното отворање на „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, дигитален проект што „Титан-Усје“ го реализира заедно со Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје.

Јаневска пред новинарите изјави дека во вој момент МОН прави голема опсежна анализа со цел да доградат училници таму каде што е неопходно, до шест училници. Најкритично е во Кисела Вода и Аеродорм, таму се најпроблематични за доградба.

Веќе имаме лоцирано повеќе такви училишта низ целата земја. Продолжуваме да видиме колку ќе има од шест нагоре училници, до 10, 15, тоа можеби ќе бидат и нови училишта, но знаете, во некои општини имаме проблем со маркиците, урбанистичките планови, веројатно ќе се доградуваат спратови итн. Во моментот работиме над 100тина такви училишта, ќе ја покриеме целата територија, изјави Јаневска.

Bоведувањето на едносменско работење на училиштата, таму каде што е можно е дел од реформата во образованието, а целта е учениците да бидат подолго во училиштата, за да стекнуваат на различни начини што повеќе знаење.

Морам да нагласам дека дел од училиштата ќе се оптимизираат. Училиштата кои функционираат со пет ученици нема понатаму да можат да опстојат, тоа е на штета на учениците. Затворени ученици во група од 5, изолирани од останатиот свет не може да постигнуваат резултати како оние кои се наоѓаат во поголеми групи, подобро опремени училишта, инфрастуктурно и со опрема така да тие процеси ќе одат заеднички. Отсекогаш сум велела дека тоа не може да се направи за 6 месеци, нека трае со години, треба да се заврши, изјави Јаневска.

Поврзани вести