Skip to main content
d2nkHhaIEeU

„ И тебе сам сит Дубаи“

Значи прво што помислив кога слушнав дека Иран со ракети го нападна Дубаи е дали се безбедни инвестициите на најпознатите инвеститори од Македонија. Кој знае што ќе биде и со златните визи , за џабе ли ги вадеа. Ајде Зоки и онака нема што да прави, се кара по Фејсбук и поднесува тужби за да му биде интересно, ама Венко ќе треба сега па ептен да ја стави на стенд бај работата во болницата во Дубаи , која му викала дојди бе дојди.

Ама тој нееее имам партија за чување, додека на другар му, т.е деловниот партнер ,не му текне пак да се врати во политиката и да допродаде уште нешто што остана непродадено првиот пат. Ехеее има, химна, јазикот е ни ваму ни таму, историјата што нели ни беше заедничка со Бугарите, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Значи овој Заев му отпеа и на Дубаи. Кај отиде трева не расне. Следна за унишување сигурно е Кенија. Ене ги ќерка му и жена му уживаат на сафари. меѓу тигри и слонови Убава земја беше братска Кенија.

Туку не е само бизнисот, треба ли Зоки и Венко да се опуштат. За опуштање тие не одеа во Виена на филхармонија туку во Дубаи на Харис Џиновиќ. Дубаи сега е небезбеден па овие инвестититориве ќе треба да бараат нова локација за да ја повторат славната теревенка.

.

Ова војнава меѓу Америка и Изреал од една страна и Иран од друга гарант е предизвикана за да се тргне вниманието од Артан Груби. Секое чудо за три дена. Сте слушнале деновиве некој да збори за најпознатиот повратник од Косово. Никој не го спомнува. Си ужива дома, а Чаир е често досадно место. Па полиции пред зграда. Филмови. Е што да не кидне негде. Само да не му текне. Кај ќе иде, он да знаеше дека ќе иде у Шутка немаше ич да доаѓа. Ете Обвинителството се пожали на медиумите да не им прават притисок зошто го пратиле дома Груби. По една година се сетиле дека имало белешка уште додека уште Груби беше главен во Македонија дека демек некој многу страшен му се заканувал. Значи му се заканувале додека бил на слобода што значи дека сега е побезбеден во Шутка отколку во Чаир каде не знаеш од кого попрво да се чуваш бидејќи Артан знае многу работи, како за своите од Мала Речица, така и за Зоки, Венко и Таче кои му беа подредени. Шоуто со Артан ќе продолжи кога тој ќе пропее…

Поврзани вести