Skip to main content

Гаши за попладнево повторно свика седница на собраниската Комисија за надзор над АНБ и АР

Фејсбук профил на Африм Гаши

Собранискиот претседател Африм Гаши за поладнево во 17 часот повторно свика седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбеност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР).

Ова следува откако претходно денеска, седницата на ова собраниско тело, која беше закажана за 11 часот, се одложи без официјално образложение од собраниските служби.

Дека за попладнево е закажана седница на оваа комисија е евидентно од агендата на активностите на пратениците за денешниот ден, која е објавена на веб-страницата на Собранието. Единствена точка на предлог-дневниот ред е предлог на заклучок за вршење надзор над работата на АНБ во просториите на Агенцијата.

Со седницата ќе претседава пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ која е членка на Комисијата.

Претходно денеска, претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, Скендер Реџепи, изјави дека седницата што денеска требаше да се одржи денеска во 11 часот не е одложена туку поништена бидејќи нејзиното одржување ќе значело кршење на Деловникот на Собранието. Рече дека ретседателот на Собранието, Африм Гаши, до него не поднел барање за свикување на седницата, што морало да го направи според Деловникот.

Поврзани вести