Skip to main content

Гаши по повод Курбан Бајрам: Со заедничка посветеност сите ќе продолжиме да го јакнеме соживотот, толеранцијата и хуманоста во нашата држава

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го честита празникот Курбан Бајрам на граѓаните од исламска вероисповед.

„Во мое лично име и во името на Собранието на Република Македонија, Ви упатувам искрени честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам.

Овој светол ден на жртвувањето нè потсетува на важноста на верата, добрината и грижата за ближниот. Нека празничните денови внесат духовен мир, здравје и изобилство во Вашите домови, а солидарноста и милосрдието што ја одликуваат бајрамската традиција послужат како поттик за уште поголема меѓусебна почит и заедништво во нашето мултикултурно општество.

Убеден сум дека, со заедничка посветеност, сите ќе продолжиме да го јакнеме соживотот, толеранцијата и хуманоста во нашата држава. Собранието останува цврсто посветен партнер во унапредувањето на слободата на вероисповед и во градењето општество на еднакви можности за сите.

Нека Курбан Бајрам Ви донесе радост, благосостојба и благослов во секое семејство“, пишува во честитката.

Поврзани вести