
СДСM и Филипче се најголемиот поборник на бугарските агенции и бугарските интереси во државата. Филипче е континуитет на погубни предавнички политики на Заев, Османи, Пендаровски, Маричиќ, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче продолжува да ја игра улогата на Заев мислејќи дека ќе дојде на власт доколку прифати се и се стави на располагање на туѓи агенди и земји.Последиците од политиките на виткање кичма денес се јасно видливи а штетите кои ги нанесе СДС за македонските национални интереси се катастрофални, додаваат од владејачката партија.

Поданичката политика исполнета со сервилност од страна на СДС ја доведе Македонија во понижувачка позиција каде Бугарија отворено ја негира македонската нација, македонскиот јазик и идентитет.
Ваквиот став доаѓа откако премиерот Мицкоски предложи резолуција во Европскиот парламент заедно со Бугарија со која ќе признае многувековниот македонски идентитет.. СДСМ тоа не го одби но побара широка расправа во Собранието.
Работите кои до неодамна беа незамисливи дури и за најрадикалните кругови во бугарската политика поради апсурдноста и понизноста на Заев и Филипче во нивното политичко дејствување денес станаа реалност.
Филипче и СДСМ ги распродаваат македонските национални интереси, и се ставаат во служба на бугарските агенции и интереси само поради власт, милионски профити и зделки.

Од Бугарија засега нема реакција за предлог резолуцијата на Мицкоски.