
Секторот за култура и јавни дејности при Општина Кавадарци овозможи донација наменета за Мал групен дом Кавадарци – дом за деца без родителска грижа.
Донацијата се состои од осум душеци за спиење и еден телевизор, со цел да се подобрат условите за престој и секојдневието на овие деца. Средствата за донацијата беа собрани преку новогодишната хуманитарна продажба на уникатни новогодишни дела, изработени со љубов и креативност од дечињата од Детската градинка „Рада Поцева“ и учениците од основните општински училишта, информираат од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Оттаму истакнуваат дека оваа хуманитарна акција уште еднаш ја покажува сплотеноста, грижата и солидарноста на нашата заедница, а најмногу – големото срце на најмладите.