Skip to main content

До 18.30 часот во Пробиштип на гласање излегле 70,59 отсто од вкупниот број избирачи

До 18.30 часот во Пробиштип гласале 8 639 лица или 70,59 отсто од вкупниот број избирачи. Во споредба со првиот круг, на гласачките места денеска излегле пет отсто повеќе избирачи.

Според претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) – Пробиштип, Јорданчо Димитриев, изборниот ден бил мирен.

Во Пробиштип во 19 часот ќе се затворат 45 избирачки места, а право на глас имаат 12 251 избирач.

Вчера гласаа болни и изнемоштени лица, биле пријавени 263 болни и изнемоштени лица, а своето право на глас го оствариле 255 лица.  Осум лица не го оствариле, бидејќи четворица заминале на болничко лекување, еден избирач починал, а тројца не можеле да си ги најдат личните документи.

Поврзани вести