Skip to main content

До 13 часот – во Дебар 14 отсто, во Центар Жупа 11,97 отсто излезеност, речиси на исто ниво како пред четири години

Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа минува тековно, без проблеми со зголемен процент на излезеност, речиси на исто ниво како на изборите во 2021 година.

До 13 часот во општина Дебар правото на глас го искористиле 2739 лица или 14 отсто од вкупно запишаните 19 762 во единствениот избрачки список. Во сите 27 избирачки места изборниот ден минува без проблеми, а поголема излезеност очекуваме во попладневите часови – изјави за МИА Рилинд Хаса, претседател на ОИК-Дебар.

На изборите пред четири години излезеноста беше 14,5 отсто, додека во 2017 година 17,9 отсто.

Во нашата општина правото на глас до 13 часот го остварија 904 граѓани или 111,97 отсто, од вкупно запишаните 7551. На сите 16 избирачки места гласањето се одвива нормалано – рече за МИА претседателот на ОИК-Центар Жупа, Неџип Илјаз.

Во оваа општина излезеноста пред четири години била 12 додека во 2017 година 20 отсто.

Дел од избирачките места во двете општини биле постени од набљудувачи на ОБСЕ/ОДХИР.

Поврзани вести