Ова значи дека во иднина тој ќе може да располага со сите доверливи инфомации на Алијансата.
Вообичаено, процесот за проверка на подобноста за добивање на пристап до НАТО тајните го води централата на НАТО и низ него длабински се проверува подобноста на кандидатот. Како што дознаваме, согласно методологијата, проверени биле и скандалите кои за Христовски ги објавуваше опозицијата и некои медиуми. Во македонската јавност актуелен беше случајот со сертификат за познавање на англиски јазик и вториот факултет што го завршил Бојан Христовски, пренесува МКД.мк
Во минатото поголем број на функционери од Македонија беа одбиени за ваков сертификат од страна на НАТО.