Skip to main content

Дејан Проданоски стапи на градоначалничката функција во Прилеп

Општинската изборна комисија денеска им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски и на новите 27 советници. Проданоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја доби довербата на прилепчани во првиот изборен круг, а во во новиот општински совет ќе седнат 27 советници, од кои 17 од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 6 од СДСМ и коалицијата, тројца советници се од Левица и еден од движењето ЗНАМ.

Новоизбраниот градоначалник, Дејан Проданоски, се надева дека резултати во наредните години ќе бидат подобри за граѓаните и за градот.

-Очекувајте многу работа и верувам дека новата локална самоуправа ќе направи се само во интерес на прилепчани, рече Проданоски.

Советнилката Билјана Кржеска,носителка на листата на советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата порача дека ќе се работи чесно и со посветеност.

– Како што работиме во своите професии чесно, така да продолжиме со работата во советот на Прилеп во интерес на сите граѓани, рече Кржеска.

Носителката на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Драгица Николоска, упати честитки до сите новоизбрани советници и до новиот прилепски градоначалник.

– Ветувам дека ќе работиме онака како што кажавме во кампањата: транспарентно, очетно и секогаш во служба на граѓаните.

Жаре Стеваноски ги претставува тројцата советници од Левица.

-Со нетрпение ја очекуваме првата седница на новоизбраниот совет,точките на дневен ред и конечно да започнеме со работа за добробит на нашите граѓани.

Мирјана Стеваноска во новциот прилепски совет го претставува движењето ЗНАМ

– Моја искрена желба и намера е сите советници да носиме одлуки кои ќе бидат исклучиво во интерес на граѓаните и на градот Прилеп. Ќе се залагам да имаме соработка без разлика на политичката партија и да бидеме конструктивни советници, рече Стефаноска.

Се изврши и формално примопредавање на должноста меѓу досегашниот градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески и новоизбраниот Дејан Проданоски при што Јовчески посака успешна работа, и на новиот градоначалник и на новоизбраните 27 советници на советот на Прилеп

Поврзани вести