Деновиве се случува вистинска демонтажа на СДСМ и нивниот производ наречен „шарена револуција“. Највисоките луѓе на администрацијата на Доналд Трамп, како што е неговиот специјален пратеник Ричард Гренел објави колку пари се потрошени на Балканот, и она што нас не интересира, во Македонија за т.н левичарски невладини организации кои работеа во директна корист на СДСМ.
„Цирка“ 290 милиони долари „подарок“ за овие „Нџиоа“ од УСАИД. Но, како што велат американците „нема бесплатен ручек па за овие пари невладините организации мораа нешто и да испорачаат.
Но, во најголем број на овие пари не се знае каде отишле. Битно е дека се потрошени.Но, замислете ни со 290, а сигурно и повеќе милиони долари невладините организации не успеаја да ја исполнат главната цел, а тоа е победа на СДСМ на изборите. СДСМ не победи ниту на изборите 2016 година, ниту на овие последните.Замислете колку треба да си неспособен на таа пара да не победиш на избори и да не натераш луѓе да те гласаат. Значи ептен не те бива.
Трамп и неговите луѓе се решени да стават катанец на УСАИД. Откако Илон Маск ја нарече криминална организација, суспендирани се сите нивни 10.000 вработени низ цел свет. Уште малку па може да прогласат стечај.
Крис Павловски, канадски бизнисмен објави дека и Македонија е дел од земјите за кои вели дека била киднапирана од невладини организации и УСАИД.
-И Македонија е киднапирана од лево ориентирани невладини организации и УСАИД. За Американците може да се заштедат 290 милиони долари, напиша Павловски на мрежата „Х“.
Пред да ја затворат УСАИД за парите кои ги примала ќе треба да одговори и заменик потпретседателката на СДСМ Фани Каранфиловска Пановска која како директорка на Институтот отворено општество од УСАИД примила над еден милион долари, и тоа непосредно пред изборите во 2016 година. За што, не се знае
Игор Чавески