Skip to main content
Армија политички ботови стои зад најавените протести

Членот на „Црвена младина“ на Левица, Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник

Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник. Тој е член на „Црвена младина“ на Левица и поранешен советник на Левица во општина Аеродром, со што се потврдува дека зад тој протест стои силно изразена политичка заднина.

Тоа се покажува и со тоа што Митановски и неговите политики соработници се обидуваат да ги злоупотребат студентите и преку групата „Независно студентско собрание“ се екстремно активни акивни на социјалните мрежи со цел да испровоцираат што помасовен одговор од студентите играјќи на картата на огромната тага што ја чувствув целата држава по трагедијата во Кочани.

Во нивните преписки додека ги организираат протестите, Митановски и неговите соработници, како Доротеа Грковиќ, се обидуват да ја скријат својата политичка активност за да ги претстават протестите како спонтан израз на револт на студентите. За таа цел, организаторите се трудат Митановски и другите познати политички активисти, да не се појавуваат како администратори на повиците и објавите н сцијалните мрежи.

Понатаму, како вистинска „фарма на тролови“ други активисти ги споделуваат објавите на голем број групи на социјалните мрежи.

Инаку Кирил Митановски е поранешен советник на Левица во Советот на Општина Аеродром. Моментно е член на „Црвена младина“ на Левица.

Поврзани вести