Skip to main content

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент).

Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, двајца пациенти во приватната болница Систина и еден пациент на Клиниката за пулмологија.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација.

Поврзани вести