Skip to main content

Честитка од Бигорската обител по повод Денот на независноста

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста до сите граѓани упати  братството на  Бигорски манастир. 
 
 – Братството на Свештената бигорска Обител на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста. Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци. Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари –  стои во честитката. 
 
Се наведува дека  8-ми Септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека македонскиот народ е достоен за дарот на слободата и за самостоен државен живот. 
 
Исто така се посочува дека „она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа и колку еден народ има поразвиено самосозание, толку повеќе тој ја цени слободата”.

Поврзани вести