Skip to main content

Честистка на Гаши до српската заедница по повод Денот на Свети Сава

Фото: МИА архива

Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши упати честитка до српската заедница во земјава по повод Денот на Свети Сава.

Во честитката стои дека во името на законодавниот дом и во духот на почитувањето, тој упатува честитка до спрската заедница нагласувајќи дека овој ден треба да биде потсетник за меѓусебното почитување, дијалогот и соживотот во нашето мултиетничко општество. 

– Во име на Собранието на Република Македонија, во духот на почитувањето на правата и различностите, упатувам честитки до српската заедница во РСМ по повод Денот на Свети Сава. Нека овој ден биде потсетник за важноста на меѓусебното почитување, дијалогот и соживотот во нашето мултиетничко општество. Само врз основа на овие вредности може да се обезбеди демократското функционирање на државата и соживотот на граѓаните, стои во честитката.

Поврзани вести