Skip to main content

Аријан Ибраим продолжува како повереник со надлежности на градоначалник за Центар Жупа

По добивањето на решението од Владата, досегашнит градоначалник Аријан Ибраим, продолжува како повереник со надлежности на градоначалник за Општина Центар Жупа.

Во објава на Фејсбук, тој напиша дека „продолжува со ангажираност за доброто на општината”.

Повторно заедно во интерес на сите нас. Имајќи ја повторно честа да ви служам ќе продолжиме со нашата работа и ќе ја унапредиме уште повеќе, продолжувајќи со истата динамика како и до сега, порачува тој, заблагодарувајќи се за дадената доверба.

Тој искажува убеденост дека граѓаните и на 11 јануари,  ќе му ја дадат довербата да биде градоначалник за подобра иднина на сите жители.

Ибраим (52) градоначалник на оваа општина беше три последователни мандати. На изборите на 19 октомври тој освои 950 гласови, додека двајцата против кандидати Инает Баки и Алил Емрула освоија 386 односно 227 гласа.

Во единствениот избирачки список запишани беа 7551 лице со право на глас. Го остварија1608 или 21,3 отсто. Поради необезбедени цензус од една третира од гласачкото тело изборите се повторуваат на 11 јануари. 

Поврзани вести