Skip to main content

Апасиев со крајно непристоен речник го навреди доскорешниот сопартиец Јанев

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, со навреди до Јован Јанев, кој одлучи да ја напушти партијата поради, како што рече максимализирање смрт на деца.

Најјако ми е кога прилично СЛАБ СТУДЕНТ (кој за пет години не успеал да ја исчисти ниту првата академска година), со гола амбиција и десничарски убедувања, кој во меЏувреме западнал во пороци и комар, ќе се вообрази дека со зачленувањето во Црвена Младина, по автoматизам, му следува и положување на испитот РИМСКО ПРАВО!? 🙃
Дечки, а бе прво „книги требит читање“, а тек после чаламење!
p.s. Good night & Good luck. 👌 – напиша Апасиев.

Разочаран од последните обиди на неговите сопартијци да политички да поентираат врз трагедиајта во Кочани, штипјанецот Јанев преку долг пост објасни зошто ја напушта Левица и им порача – нема да дозволам врз гробовите на нашите блиски да градите кариери.

Поврзани вести