Skip to main content

Во Народниот театар во Штип вечерва ќе биде изведена претставата „Јас, на некое друго место“

Во Народниот театар во Штип, вечерва, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Јас, на некое друго место“ од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Јован Ристовски. Kостимограф во претставата е Марта Дојчиновска.

Станува збор за современ македонски текст, кој писателката Ана Ристоска-Трпеноска го напишала инспирирана од вистинска приказна. Во претставата се разработува проблематиката со психолошкото ментално здравје, губењето на емпатија, како и деструктивното однесување во средината во која живееме.

Играат:

Марија Минчева Андонов – ЖЕНАТА
Елена Шорова Дербов – АЛТЕР ЕГО
Ефтим Трајчов Ѓаурски – МАЖОТ
Анѓелка Нашкова – ДЕТЕ 1
Ава Хусеини – ДЕТЕ 2
Пеце Ристевски – ШЕФОТ
Стефанија Митовска – ИНФЛУЕНСЕРКА
Миле Вратеовски – СЕМЕЈНИОТ ПРИЈАТЕЛ

Тој зборува, држи монолог, а јас го слушам и му дозволувам да се искаже.

Ние, луѓето заборавивме да зборуваме еден со друг.
Ние, луѓето заборавивме да се слушаме еден со друг.

А тоа е единственото нешто, што некој може да го стори за другиот.
Да биде тука…Едноставно да биде тука за некого…

Техничка екипа:
Суфлер / Инспициент:
Лида Рогожарова
Светло мајстор:
Методи Саздов, Ристе Стојановски
Раководител на сцена:
Ѓорѓи Чапов
Тон мајстор: Димитар Влахов
Декоратери: Ѓорѓи Чапов, Перо Иванов, Александар Талевски.

Издавач: НУЦК “Ацо Шопов” – Театар Штип
За издавачот: Кристина Атанасова Арсова
Сезона 2024

Поврзани вести