
Во преполниот салон на македонскиот КИЦ во Белград, пред бројна публика, претставници на дипломатскиот кор, на македонската заедница во Србија и на белградската академска и уметничка средина, се одржа свечен празничен концерт со Скопскиот дувачки квинтет кој предизвика исклучителни емоции и долги аплаузи. Внимателно одбраната за овој повод музичка програма, во која доминираа теми од современото македонско музичко творештво и обработките на традиционални македонски музички теми, вистински ја одушевија белградската публика и создадоа вистински македонски амбиент во просторот на нашиот КИЦ во Белград.
Настанот го поздравија, домаќинот и организатор на концертот Васко Шутаров, а од име на Скопскиот дувачки квинтет се обрати Васил Атанасов.
КИЦ Белград, во рамките на чествувањето и одбележувањето на 8 Септември, утре вечер организира и групна изложба од современото македонско ликовно творештво, во соработка со Националната галерија на Македонија.