Skip to main content

Викендов промоција на Монографијата „80 години Народен театар Битола“

Народен театар Битола

На 29.март, во сабота со почеток од 12 часот, во Битолскиот театар ќе биде промовирана Монографијата „80 години Народен театар Битола“, на авторот д-р. Иван Додовски, испишана на 310 страници, испечатена од Графопром Битола. Промотори ќе бидат д-р. Мишел Павловски и д-р. Даниела Андоновска Трајковска.

Се работи за монографија која е црно бела, прва од ваков вид во државата.

Рецензенти се проф.д-р.Сузана Киранџиска и проф.д-р.Мишел Павловски. Уредници Билјана Крајчевска и Оливера Павловиќ, лектор Жаклина Атанасова, а монографијата ја припреми стручниот тим: Стеванка Вељановска, Билјана Вржовска, Сашо Илковски, Марија Козарова, Билјана Крајчевска, Александар Митровски, Филип Ошавков, Оливера Павловиќ, Владимир Переловски. Дизајнот е на Сергеј Светозарев. Фотографиите од архивот на НТБ.

Монографијата содржи кратка историја за растежот на институционалниот театар на македонски јазик во Битола во периодот од 1944 до 2024, како и прилози за сите одиграни премиери и за лицата што биле вработени или повремено ангажирани во работата на НТБ во овој период. Па така опфатени се темите за првиот репертоарски пробив, пресвртот со „Свадбата на Мара“, новите режисери и актери, постјугословенскиот контекст, гостувањето во Глоуб театарот, наградите, гостувањата низ светот и многу повеќе. Историјата на Народниот театар во Битола е сведоштво за еден растеж и за достигнување на врвни уметнички вредности што станале неизоставен дел од македонската културна меморија. Издавањето на монографијата е помогнато од Министерството за култура на Република Македонија.

Поврзани вести