
Струшки вечери на поезијата објавуваат конкурс за најдобра поетска книга меѓу два фестивала.
Критериуми за учество:
- Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.
- На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот.
- Еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови.
- Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик.
- Избори или книги во кои има препечатени делови од други книги нема да бидат земени предвид.
- На конкурсот можат да бидат пријавени само дела од еден автор. Коавторски дела се неприфатливи.
- Книгите мора да имаат ISBN број.
- Книги од членови на УО на НУМ СВП, директорот на НУМ СВП, вработените или на членови на жири-комисијата и нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени.
- Со учеството на конкурсот се смета дека учесниците на конкурсот се запознаени и ги прифаќаат одредбите на Договорот за доделување на наградата Браќа Миладиновци.
Краен рок: 25 јуни 2025 година
Адреса и детали: https://svp.org.mk/news/bm-2025-ng
Авторите или издавачите препорачливо е да ги достават книгите и во електронска форма (во .pdf формат) на следната адреса: struga@svp.org.mk