
Настанот е насловен „Сто години надреализам“ ќе се одржи на 24 феврурари во книжарницата „Метаноја“ и на него ќе зборуваат акад. Влада Урошевиќ и проф. Лидија Капушевска-Дракулевска, во амбиентот на изложбата „Метафора – Жито, какол и парчиња стакло“ на Марко Трпески.
Поводот на настанот е осврт на стогодишнината од почетоците на надреализмот во 1924 година. Своите излагања акад. Урошевиќ и проф. Kапушевска-Дракулевска ќе ги заносваат врз нивната заедничка книга „Птици во аквариум: надреализам 1924 ‒ 2024“.