Вечерва во Драмскиот театар во Скопје (20 часот), во рамките на Неделата на независен театар, ќе биде изведена претставата „Среќен мртовец“, во продукција на алтернативниот театар „Отпишани“.
Автор е Марјан Анѓеловски, а улогите ги толкуваат: Благој Чоревски, Ирена Илиевска, Марија Лазарова, Ивана Стамевска, Огнен Велевски и Јасмин Рамани.
Како што велат од продукцијата, „Среќен мртовец“ е сатирична драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал. Од тој момент животот на Живко се претвора во пекол и борба со нефункционалниот државен систем, бирократија и административни лавиринти. Преку еден апсурден начин, во својата борба да докаже дека е жив, Живко го соголува до гола кожа државниот апарат и сите негови слабости.