
Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ пред 475 француски книжари го претстави „Тони“ – првиот роман на нашата Румена Бужаровска, кој на македонски јазик доживеа четири изданија.
Претставувањето беше дел од промоцијата на романот, кој ќе се објави на 3 септември годинава, во превод на Клое Бијон. По збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам никаде“ (2025), ова е трето дело на Бужаровска што е препознаено и објавено од „Галимар“.
По излегувањето од печат во декември 2024 година, „Тони“ ги освои читателите во Србија („Бука“, 2025), Хрватска („Фрактура“, 2025), Црна Гора („Нова књига“, 2025) и Босна и Херцеговина („Бука“, 2025). Во мај годинава беше објавен и на шпански, од издавачката куќа „Едиторијал импедимента“ од Мадрид.
Во текот на следната година романот ќе биде објавен во Португалија, САД, Грција и Албанија.

Македонски



