Skip to main content

„Простори на конјункција“ во македонскиот Културно-информативен центар во Белград

По претставувањето во Културно информативниот центар на Македонија во Софија, наредна дестинација на проектот на Националната галерија од областа на меѓународната соработка, „Простори на конјукција“ е македонскиот Културно информативен центар во Белград. Како добар домаќин, директорот на центарот, Васко Шутаров ќе се обрати пред публиката во придружба на Маја Крстевска, претставник на Националната галерија, виш кустос и програмски раководител. Крстевска, на отворањето на изложбата, со особено задоволство ќе ја воведе публиката во контекстот на проектот и ќе ги претстави авторите на уметничката компилација со наслов „Простори на конјукција“ – Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија.

Отворањето на изложбата во македонскиот центар во Белград е закажано за 10 септември 2025 во 19 ч, а истата ќе биде поставена до крајот на септември 2025.

Уметници застапени на изложбата се: Роберт Јанкулоски, Кристина Пулејкова, Велимир Жерновски, Ѓорѓи Десподов, Моника Мотеска, Дарко Алексоски, Методи Ангелов-Мето, Шќипе Мехмети, Ирена Паскали, Михаела Јовановска, Славица Јанешлиева, Ѓорѓе Јовановиќ, Ацо Станкоски, Иванчо Талевски, Жанета Вангели, Верица Ковачевска, Марија Сотировска, Кристијан Јованоски, Мариго Исеинии, Игор Сековски.

Проектот „Простори на конјункција“ ја утврдува уметноста како динамичен простор во кој интимните, личнифрагменти се преплетуваат со колективнитемемории и културниматрици како театар на тензија и симбиоза.

Оваа изложба ги истражувакревкатаграницамеѓумалитеприказни од интимниотсвет на индивидуата и големитенаративи – широка, сложена мрежа на големитеисториски и културнинаративи – концепт што произлегува од Жан-Франсоа Лиотар и неговата критика на „метанаративите“.

Низ графика, цртеж, фотографија, видео, објект, колаж, уметниците не само што раскажуваа тприказни туку градат мултимедијалниплатформи во кои секој медиум станув апосебе нканал за конјункција. Различните техники не функционираат само како формалн иизбори, туку како активнистратегии за премостување на личното и колективното.

„Простори на конјункција (спојување)“ е повеќеслојна мултимедијална мрежа што инсистира на активен гледач и коавторство. Секој кој влегува во овие простори, влегува во релација со фрагментите – распарчените траги на интимното, архивирани во материјали што постојано се обидуваат да се спојат во нова целина.

Поврзани вести