
Промоција на поетската книга „Скапо е сонцето“ од Јовица Ивановски ќе се одржи вечерва во 21 часот, во „Лабораториум“ во Скопје. Книгата ќе ја промовира проф. д-р. Лидија Капушевска-Дракулевска, а песни ќе чита поетот Андреј Ал-Асади.
Јовица Ивановски (1961, Скопје) е автор на 19 книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Човек“ (2019).